Осумдесет и едногодишна Јужнокорејка не успеа да стане највозрасната учесничка на Мис Универзум откако се натпреваруваше со далеку помладите сонароднички на националниот избор во својата земја.
Облечена во бела тоалета со мониста, Чои Сун-хва излезе на бината и настапи на натпреварот во пеење на изборот на Мис на Јужна Кореја за Мис Универзум, што се одржа во хотел во Сеул. Таа не ја освои круната, но беше наградена за најдобра гардероба.
За новата Мис Јужна Кореја беше прогласена 22-годишната Хан Ариел и ќе учествува на изборот на Мис Универзум во Мексико во ноември.
„Дури и на моја возраст имав храброст да ја искористам оваа шанса и да го прифатам предизвикот. Сакам луѓето да ме погледнат и да сфатат дека можеш да живееш поздраво и да најдеш радост во животот кога ќе најдеш работи што сакаш да ги правиш и ќе се предизвикуваш себеси“, изјави Чои, која почнала да работи како модел на 72 години.
Пред само една година, таа немаше да може да учествува на изборот, зашто тој беше ограничен на жени од 18 до 28 години.
(Фото: АП)