ДЕТСКАТА СИМФОНИСКА БАЈКА „ПЕТАР И ВОЛКОТ“ СО ДВЕ БЕСПЛАТНИ ИЗВЕДБИ ВО ТЕТОВО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Музичкиот ансамбл од Тетово утре (4 октомври) ќе ја изведе симфониската бајка за деца „Петар и волкот“ во Центарот за култура во Тетово, а концертот е наменет за деца над шест години. Настапува камерен оркестар, со кој ќе диригираат Агона Чупи и Ангел Спироски, а наратор за децата ќе биде Рахим Рамадани.

Ќе се одржат две изведби: на албански јазик од 16 и на македонски од 17 часот. Влезот е бесплатен.

„Петар и волкот“ е хумористична приказна за храброто момче Петар кое со помош на животни и ловци се обидува да го фати лошиот волк. Секој лик во приказната е претставен со еден инструмент.