ФЕСТИВАЛОТ ЗЛАТНА ЛИРА СО РАЗНОВИДНА МУЗИЧКА ПРОГРАМА ОД 8 ОКТОМВРИ ДО 3 НОЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од 8 октомври до 3 ноември во Музејот на македонската борба ќе се одржува фестивалот Златна лира по 16 пат. Фестивалот е во организација на Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ) и е посветен на промоција на светското и на домашното музичко творештво. Оваа година, фестивалот ќе понуди десет концерти со разновиден репертоар.

На фестивалот ќе настапат уметниците и камерните состави: Пијано трио (Татјана Петрушевска – обоа, Марјан Милошевски – фагот, Петар Макариевски – пијано), Горан Начевски (баритон) и Николета Конти (пијано), Весна Ѓиновска-Илкова (сопран) и Кристина Светиева (пијано), пијано дуото Божиновска-Димовска, Лазар Соколов (саксофон) и Емилија Кабранова-Филипова (пијано), Елена Атанасовска-Ивановска (пијано), Владимир Костов (виолина) и Цветанка Созовска (чембало), триото „Аура“ (добитник на наградата „Златна лира“ во 2023) и Даница Стојанова (пијано)На свеченото затворање на 3 ноември ќе биде доделена наградата „Златна лира“, што СМУМ ја доделува на музички уметници или ансамбли за врвни достигнувања во текот на изминатата година.
На фестивалот традиционално ќе настапат и младите музичари Иван Стојанов (пијано), Ана Кузмановска (виолина), Лина Николоска (виолина) и Антица Николоска (виолина).

Фото: Сопранот Весна Ѓиновска-Илкова, баритонот Горан Начевски и пијанистката Даница Стојанова се дел од учесниците на фестивалот.                    (Фото: Весна Ѓиновска-Илкова, Горан Начевски и Даница Стојанова се дел од учесниците на фестивалот)