На 30 ноември во Националната опера и балет ќе игра српската комедија „Хотел 88“. Досега е изведена над 500 пати и ја гледале повеќе од 100.000 луѓе.
Во претставата играат Тамара Крчуновиќ, Јелисавета Орашанин Теодосиќ, Андрија Кузмановиќ и Владимир Алексиќ, а режисерка е Сташа Копривница.
Дејството се одвива во луксузен хотел, каде што младата брачна двојка Виктор и Ана доаѓа на романтично патување и запознава уште еден млад брачен пар, Сандра и Марко. Во текот на една ноќ, нивните животи ќе доживеат урнебесни промени.
Организатор е „Јес продукција“, а билетите се продаваат преку мрежата на karti.com,mk.