Шеснаесет македонски дизајнерки и дизајнери донираа модели за кои ќе се наддава на добротворна аукција, што ќе се одржи денеска (28 октомври) од 20 часот во едукативниот центар „Лабораториум“ во Скопје.
Собраните средства ќе бидат наменети за првиот филантропски фонд, кој годинава ќе поддржи четири иницијативи: фонд за заштита и превенција од шумски пожари, центар за развој на децата со попреченост со употреба на најнови технологии, прва позајмувачница на помагала за лица болни од рак и едукативна програма за младите да ги градат своите иднина и кариера во Македонија.
На аукцијата учествуваат познати дизајнери и млади таленти. Водител на настанот ќе биде Никола Трајковски, а водител на аукцијата е гласноговорникот на кампањата „Денови за донирање“, Огнен Јанески.