Вечерва (25 октомври) во Велешкиот театар продолжува програмата на Фестивалот на џез, ворлд и современа музика. Настап имаат составите „Third World Quartet“ од Скопје, „Zoe’s Shanghai“ од Франција (фото), кој свири фанк и џез и кантри групата „The Hatchetiations“ од Германијa.
Утре се концертите на „Калата“, неофолк бенд од Скопје и на дуото Филип Динев и Мартин Ѓаконовски-Шпато. На 27 октомври настапуваат „Луфтанза“ од Скопје и Данчо Саздов од Велес.
Сите денови концертите почнуваат во 20 часот.
П. ПЕЧКОВ