АВСТРИСКАТА УМЕТНОСТ ПОСЛЕ 1945 НА ИЗЛОЖБА ВО ДАУТ ПАШИН АМАМ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска (30 октомври) во 18 часот, во Даут пашин амам ќе се отвори изложбата „Австриската уметност после 1945”, во соработка со Амбасадата на Австрија во Македонија. Современата, повоена уметност во Австрија се карактеризира со богата разновидност на стилови, движења и пристапи.

„Изложбата ‘Австриската уметност после 1945’ на македонската публика ѝ открива еден важен аспект од австрискиот културен идентитет. Таа отвора можност да видиме дел од творештвото на некои од авторите кои низ децениите наназад учествувале во оформувањето на австриската уметничка сцена и афирмацијата на новите ликовни тенденции. Станува збор за 50-ина слики и неколку склуптури од повеќе автори кои со својот творечки и интелектуален потенцијал одиграле значајна улога во развојот на австриската ликовна уметност по 1945 година и денес се дел и од повеќе приватни колекции“, велат од Националната галерија на Македонија.