На 8 ноември, во Културно информативниот центар на Македонија во Загреб од 19.30, концерт ќе одржи оперската примадона Весна Ѓиновска Илкова, заедно со пијанистката Јасна Аврамовска- Костенарова.
На програмата се дела од македонските комозитори: Џамбазов, Скаловски, Аврамовски, Прокопиев, Зографски, Стојков, Андреева, Светиев, Цанев и Голабовски.
Првенката на Националната опера балет, сопранот Весна Ѓиновска- Илкова оваа година слави 30-годишен јубилеј на оперската сцена. Во подкастот на САКАМДАКАЖАМ.МК, „За секого по нешто“, таа рече јубилејот би сакала да го прослави со оперска претстава.