Скопското дуо „Ин д муд“ (In the Mood) ќе има концертна промоција на своето прво студиско издание на претстојниот Котон блуз фестивал, што ќе се одржи на 28 ноември во културно-едукативниот центар „Лабораториум“ во Скопје.
Бендот кој ја популаризираше блуз музиката во Скопје и Македонија овој месец одбележува 15 години работа, а по илјадници клупски и фестивалски настапи, конечно го издаде својот прв авторски материјал во вид на миниалбумот „Breeding Ground for Blues“.
Претходно како учесници на петтиот Котон блуз фестивал беа најавени Алвин Јангблад Харт (САД), триото на Роб Тоњони (Австралија) и младиот македонски музичар Михаило Митев.