СО ПРЕТСТАВАТА „ЕДВАРД ВТОРИ“, ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР НАСТАПУВА НА ФЕСТИВАЛ ВО НИКШИЌ

Велес, (СМАРТ.СДК.МК)

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечерва (7 ноември) настапува на Фестивалот на актерот во Никшиќ, Црна Гора. Во конкуренција за награда е претставата „Едвард Втори“, во режија на Андриј Жолдак, работена според текст на Кристофер Марлоу, драматизација на Сашо Димоски.

„Едвард Втори“ е копродукција со Драмскиот театар од Пловдив, Бугарија. Премиерата беше на Охридско лето на 6 август.

Меѓу учесниците на фестивалот се и театри од Загреб, Белград, Нови Сад и од Подгорица. Жирито е во состав: актерите Зијах Соколовиќ и Весна Чипчиќ и писателот Милош Латиновиќ. Фестивалот се одржува по 20. пат.

Со претставата „Едвард Втори“ Велешкиот театар настапи пред еден месец на фестивалот МЕСС во Сараево, каде што Јована Миладинова ја доби наградата за најдобра млада актерка.

П. ПЕЧКОВ