Дензел Вашингтон зборуваше за својата улога на римскиот император Макрин во филмот „Гладијатор 2“, при што откри дека имало сцена во која бакнал маж.
„Навистина бакнав маж во филмот, но тие го исекоа тоа. Мислам дека се уплашија, но бакнав момче директно во уста“, кажа Вашингтон.
Пол Мескал сподели своја приказна за бакнеж, во што бил вклучен и неговиот колега Педро Паскал.
„Имаше момент кога ја вежбавме мојата тепачка сцена со Педро, а кон крајот на сцената имав идеја да го бакнам во чело. Го направив тоа еднаш на снимањето, па преку радиоврска го прашав режисерот: ‘Ридли, бакнеж во чело, дали ти се допаѓа? Да или не?’ Настана тишина за секунда, а потоа Ридли рече: ‘Се плашам дека ми се допадна’“, кажа Мескал.
(Фото: Парамаунт)