На 10 декември, во малата сала на Филхармонијата ќе се одржи предновогодишен концерт на кој ќе настапат четворица домашни музичари, објави „Баги комуникации“. На гитара е Мухамед Ибрахими (фото), пијано ќе свири Бобан Мирковски, на перкусии е Ратко Даутовски, а на виолончело Фјола Исмаили.
„Овој спој на музичари е ретка можност за сите љубители на музиката да доживеат хармонија што инспирира и разбудува емоции“, велат организаторите.
Билетите се продаваат преку мрежата на Мк тикетс.
Фото: К. Попов