Раде Шербеџија ќе одржи концерт во Скопје на 1 февруари, во Филхармонијата од 20 часот, објави „Авалон“.
Хрватскиот пејач и актер со холивудска слава доаѓа во Скопје со проектот „Поради тебе, поради себе, поради другите“ (Због тебе, због себе, због других) со репертоар од сите негови хитови, меѓу кои и „Не се давај Инес“ (Ne daj se Ines). Шербеџија ќе настапи со неговиот бенд „Западни колодвор“.
Тој ќе биде гостин во Скопје и на 9 декември, на гала премиерата на реставрираната копија на филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски.
Влезниците за концертот ќе се продаваат од 5 декември преку мрежата на karti.com.mk.