Бајка на мраз виде публиката денеска (14 декември) во скопската Арена „Борис Трајковски“ за време на Новогодишното шоу на мраз.
На сцена со мраз на околу 300 квадратни метри пируети и акробации изведуваа младинци и деца, за кои, како што најави продукцијата „Прагма“, се првенци во уметничко лизгање.
Децата љубопитно и среќно ги гледаа грацизоните движења на своите омилени ликови од бајките на „Дизни“ и суперхероите на „Марвел“. Елса и Ана, Пепелашка, Снежана, Ариел, Бела, Анастастија, Круела, но и Харли Квин и Венсдеј, како и Спајдермен, Хулк, Аладин.
Во друштво на Дедо Мраз и светлечки ефекти навистина донесоа новогодишна атмосфера во Скопје.