Триесет и петтото издание на Ледениот хотел во Шведска и официјално се отвори за сезоната 2024/25. Содржи 12 привремени уметнички апартмани кои гарантираат леден сон за посетителите.
Новиот хотел го градеа 26 уметници од 13 држави. Изградбата траела шест недели, при што биле потрошени 550 тони мраз и десет олимписки базени со мешавина од снег и мраз. Покрај 12-те апартмани, хотелот има и 20 ледени соби и сала долга 30 метри, во која виси лустер со 220 рачно изработени ледени кристали.
Иако најголемиот дел од хотелот се топи напролет и се враќа во реката Торне, Ледениот хотел има и соби во кои може да се спие преку цела година. Цените се движат од 750 евра за три ноќи за двајца.
Хотелот се гради и реконструира секоја година од 1989 во селото Јукасјерви во Лапонија, 200 километри северно од Арктичкиот Круг.
(Фото: А. Клигер)