НОВОГОДИШНА БАЈКА ВО БИТОЛА СО ДВАТА КОНЦЕРТА НА КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Два весели концерта со наслов „Виена во Битола“ одржа битолскиот Камерен оркестар изминатиов викенд (21 и 22 декември) во Центарот за култура во Битола, изведувајќи популарни класични дела во духот на новогодишните празници.

Настапија сопраните Биљана Јосифов и Елеонора Џоџоска-Младенова, балетските играчи Марија Кичевска, Мими Поп-Алексова и Франсиско Хименез Руиз од Шпанија и истакнати солисти од Националната опера и балет. Со оркестарот пееше и мешаниот хор КУД „Стив Наумов“, на кој му се придружи и публиката.

Салата беше исполнета до последното место. Билетите за двата концерта, кои беа пуштени во продажба уште пред два месеца, биле распродадени за рекордни два дена, а публиката коментираше дека концертите биле како бајка. Диригираше маестро Владимир Димовски.

Ж. ЗДРАВКОВСКА