ПОЛНА САЛА ЗА ДЕТСКИОТ ФЕСТИВАЛ „СОНАТА“ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Дванаесет песни се испеаја на детскиот фестивал „Соната“ кој се одржа во Домот на култура во скопската општина Ѓорче Петров.

Фестивалот во 2009 го основа наставникот по музичко образование Александар Китевски и во последниве 15 години го води со Розета Дулевска, наставничка по македонски јазик, кои се и автори на детските песнички. Се одржува со поддршка на Општината и градоначалникот Александар Стојкоски.

„На фестивалот се претставија деца со 12 песнички со најразлични мотиви, за македонското знаме, љубовта, патувањата, за ритамот. Најголемата награда за нив беа полната сала и аплаузите“, вели Дулевска.