Украинска народна мелодија е денес најпопуларната божиќна песна во Украина која има интересна историја. „Шчедрик“ или како што ја знае светот „Carol of the Bells“ е од суштинско значење за украинскиот народ бидејќи е првата песна која на украински јазик се слушнала низ светот.
Ја компонирал Микола Леонтович, а песната станува славна со настапите на хорот на Александар Кошиц во 1919, а откако добива и англиска преработка станува неизоставен дел од Божиќ секаде низ светот.
„Денеска, ‘Шчедрик’ е инспирација за голем број музичари, но и инспирација за Холивуд и за маркетинг индустријата. ‘Сам дома’ и ‘Симпсонови’, се само дел од филмовите во кои се пее оваа песна и секој Божиќ барем една голема мултинационална компанија ја користи во своите рекламни видеа“, велат од амбасадата на Украина во Скопје.
Во Украина се направија истражувања за оваа песна. Од Амбасадата велат дека ова дело е дел од борбата за украинскиот јазик и идентитет.