Стотици досега невидени фотографии од првите настапи на „Битлси“ во САД беа продадени на аукција во Англија за вкупно 253.000 фунти.
Мајк Мичел, кој тогаш имал само 18 години, го сликал легендарниот бенд на концертите во Вашингтон и во Балтимор, први од неговата американска турнеја во 1964 година, како и на прес-конференциите.
Тој добил желба да ги фотографира откако го гледал нивниот настап во шоуто на Ед Саливен во февруари 1964.
„Бев многу мотивиран да направам нешто уникатно. Во Вашингтон користев природно светло, затоа што немав блиц, а во Балтимор бев на сцена за уште подобар поглед. Видов дека нема никој и едноставно се качив“, изјави Мичел.
Вкупно 413 негативи се продадени, од кои досега се видени само 46 фотографии, кои се најдоа на аукција во 2011 година.