СТАРИ ДИЗАЈНИ НА „ДИОР“ БЕА ИНСПИРАЦИЈА ЗА НОВАТА КОЛЕКЦИЈА НА МАРИЈА ГРАЦИЈА КЈУРИ НА МОДНАТА НЕДЕЛА ВО ПАРИЗ

Париз, (АП)

Дизајнерката на „Диор“, Марија Грација Кјури, истражувала во архивите на овој моден бренд за нејзината најнова колекција за висока мода, претставена на Модната недела во Париз.

Колекцијата е инспирирана од познати минати дизајни на „Диор“, еден од нив од 1952, како и од креации од Ив Сен Лоран од 1958.

Фото: АП

На модната ревија беа прикажани светкави црни палта, здолништа од тул со тантела и мини здолништа во комбинација со фрак. Ревијата наиде на овации од уредничката на американски „Вог“, Ана Винтур.

Се одржа во живописните градини на музејот „Роден“ во Париз, а меѓу гостите беа актерките Џена Ортега и Памела Андерсон, тенисерката Венус Вилијамс и француската актерка и модел Летиција Каста.