ПРЕМИЕРА НА ПРЕТСТАВАТА „ДА ЖИВЕЕ ДОЛНА ДУПКА“ НА КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ ДЕНЕСКА ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска (29 јануари) од 20 часот, во Театар Комедија ќе се изведе премиерата на претставата „Да живее долна дупка“, чиј автор и режисер е доајенот на македонските филм и театар Коле Ангеловски.

Играат Жаклина Стевковска, Роберт Ристов, Јаков Спасов и Горан Ников. Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимите на Марија Ѓоргиевска, а музиката на Оливер Митковски. Првата реприза е на 30 јануари во Театар Комедија.

Никола Ангеловски-Коле (1943) е филмски, телевизиски и театарски актер, режисер, сценарист и драматург. Дипломирал актерство на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград, а од 1967 до пензионирањето работеше во Драмскиот театар во Скопје.