„Нетфликс“ потврди дека третата и последна сезона на хит-серијата „Игра на лигни“ (Squid Game) ќе има премиера на 27 јуни оваа година.
Овој јужнокорејски феномен продолжи да расте откако првпат се појави во 2021. Првата сезона останува најгледаната серија на „Нетфликс“, додека втората сезона е на четвртото место на листата на најгледани серии на оваа стриминг платформа.
Фановите нема да мора да чекаат долго на финалето, во кое ќе се дознае конечната судбина на главниот лик Ги-хун и на системот што се обидува да го растури.