Бијонсе конечно ја освои наградата за најдобар албум на 67. Греми награди во Лос Анџелес. Ѕвездата беше наградена за нејзиниот осми албум „Каубој Картер“ (Cowboy Carter), кој ги слави црните корени на кантри музиката.
Додека се читаше нејзиното име, Бијонсе ја прегрна својата ќерка Блу Ајви, а потоа и сопругот Џеј-Зи, пред да отиде на сцената во златен фустан за да го прими трофејот.
„Се чувствувам многу исполнето и почестено. Поминаа многу, многу години“, рече Бијонсе.
Пејачката ја посвети својата награда на Линда Мартел, една од пионерките во кантри музиката.
„Се надевам дека ќе продолжиме да туркаме напред и да отвораме врати“, продолжи Бијонсе“.
Ова доаѓа 25 години по нејзината прва номинација за Греми, како дел од аренби групата „Дестинис чајлд“. Таа стана најнаградуваниот уметник во историјата на Греми со 35 трофеи, но главната награда ѝ бегаше досега. Фокусирајќи се на кантри музиката, „Каубој Картер“ е вториот дел од трилогијата албуми што ги истражува американските музички традиции и ги открива придонесите на црните уметници.
Бијонсе е првата црна жена која освоила Греми за албум на годината од Лорин Хил во 1999.„Каубој Картер“, исто така, освои Греми за најдобар кантри албум, на очигледно изненадување на Бијонсе.