ДЕТСКАТА БАЛЕТСКА ПРЕТСТАВА „ПЕТАР ПАН“ НА 25 ФЕВРУАРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 25 февруари од 19 часот во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе се одигра детската балетска претстава „Петар Пан“, по мотивите на приказната за Петар Пан на шкотскиот драматург Џејмс Метју Бери.

Сценариото и сонговите за претставата ги напиша Ристо Самарџиев, режијата и кореографијата се на Ирена Лозинска, а музиката е на Владимир Дојчиновски-Дојчин.

Играат децата од балетското студио „Арт балет“. Костимографка е Елена Вангеловска, а сценограф Љупчо Јованов. Гости ќе бидат Веселин Трајковски и Николас Алехандре Хоурсеау од балетскиот ансамбл на Националната опера и балет. Билетите се продаваат онлајн на страницата на МНТ и на билетарницата на театарот.