„Нетфликс“ го откажа објавувањето на документарната серија за музичарот Принс, во режија на Езра Еделман.
„Наследниците на Принс и ‘Нетфликс‘ постигнаа договор за правење нов документарен филм со ексклузивна содржина од архивата на музичарот. Како резултат на тоа, документарната серија од шест дела нема да биде објавена на ‘Нетфликс‘“, се вели во соопштението на стриминг платформата.
Наследниците на починатиот музичар претходно тврдеа дека серијата била исполнета со „фактички невистини и сензационалистички прикажувања“ на одредени настани од неговиот живот. Режисерот Еделман тивко работел на серијата повеќе од четири години, добивајќи широк пристап до архивите на Принс. Тој притоа создал девет часа материјал, иако според договорот биле предвидени шест.
(Фото: Гети)