ТЕЈЛОР СВИФТ ИСВИРКАНА НА СУПЕРБОУЛОТ, ТРАМП ВЕЛИ АМЕРИКАНЦИТЕ НЕ Ѝ ПРОСТУВААТ ШТО ГИ ПОДДРЖА ДЕМОКРАТИТЕ

САД, (АП)

Тејлор Свифт гледаше од трибините како Канзас Сити Чифс, тимот на нејзиното момче Тревис Келси, беше тешко поразен од Филаделфија Иглс на Супербоулот во Њу Орлеанс. Канзас го играше своето петто финале на НФЛ сезоната во последните шест години, но не успеа да ја освои третата титула по ред откако изгуби со 40:22.

Трамп е првиот актуелен претседател на САД кој присуствуваше на Супербоулот (Фото: Гети)

За разлика од лани, кога гласно беше поздравена од публиката во Лас Вегас, поп-ѕвездата овојпат наиде на сосема поинаков прием и беше исвиркана кога ја прикажаа на големиот екран.

Ако некој имаше потешка ноќ од Канзас Сити Чифс, тоа е Тејлор Свифт. Таа беше исвиркана од трибините. ‘Да ја направиме Америка повторно голема‘ не простува“, напиша Доналд Трамп на својата социјална мрежа.

Свифт јавно ги поддржа Џо Бајден на изборите во 2020 и Камала Харис во 2024.

Фудбалските ѕвезди Луис Суарес, Лео Меси, Жорди Алба и Серхио Бускетс (Фото: Инстаграм)

Трамп е првиот актуелен претседател на САД кој присуствуваше на Супербоулот, а во публиката беа и Бредли Купер, Џеј-Зи со ќерката Блу Ајви, Лео Меси и Кевин Костнер. На шоуто на полувремето настапија Кендрик Ламар и Семјуел Џексон.

(Фото: АП)