МЕГАН МАРКЛ ПОКРЕНА НОВ БРЕНД ЗА ЖИВОТЕН СТИЛ И ДОМАШНА ХРАНА

САД, (Пипл)

Меган Маркл го откри новото име на нејзиниот бренд за животен стил „As Ever“, во пресрет на премиерата на нејзината серија за готвење и градинарство „Со љубов“ на „Нетфликс“ на 4 март.

„Новиот бренд на војвотката од Сасекс ќе прикаже сè што таа сака: семејство, готвење, забава и декорација на домот. Таа е возбудена поради нејзиниот најнов личен потфат. Ова е нешто што таа сака да го прави веќе некое време“, кажа извор за „Пипл“.

Домашниот џем на Маркл кој ќе биде дел од новиот бренд (Фото: Инстаграм)

Нејзината нова компанија е продолжение на поранешниот блог за животен стил „The Tig“.

„Ако ме следите од 2014, знаете дека отсекогаш сум сакала да готвам и да се занимавам со градинарство. Ќе има и конзервирани овошја, а џемот кој го објавив е мој домашен џем“, рече Меган Маркл, која неодамна се врати на социјалните мрежи.

Брендот на Маркл претходно беше претставен како „American Riviera Orchard“.

(Фото: Гети)