БИТОЛСКИОТ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР ЌЕ ОДРЖИ КОНЦЕРТ СО НАЈУБАВИТЕ ПЕСНИ ЗА БИТОЛА НА 27 ФЕВРУАРИ

Битола, (СМАРТ СДК.МК)
На 27 февруари од 20 часот, Битолскиот камерен оркестар ќе одржи концерт со најубавите битолски песни во Центарот за култура во Битола. Настанот е во чест на 10 години постоење на страницата „Бабам Битола“, а од Камерниот оркестар велат дека подготвуваат концерт со најубавите битолски песни и многу емоции.
„На сцената ќе ни се придружат специјалните гости Билјана Дамјановски-Јанчевска, Емилија Сарафска, Маја Андоновска-Илиевски, Јасна Димитровска, Сефедин Бајрамов, Бојан Стојков и Димитар Андоновски. Рецитали ‘За мојата Битола’ ќе слушнеме од Борис Чоревски-Чоре и Силвана Насух. Заедно ќе прославиме две големи нешта: јубилејот на ‘Бабам Битола’ и титулата Најпопуларен оркестар за 2024 што ја добивме на ‘Златна бубамара на популарноста‘“, велат од оркестарот.
Ж. ЗДРАВКОВСКА  
Фото: К. ПОПОВ