На 26 февруари од 19 часот, во Националната опера и балет ќе се одржи концертна промоција на новото пијано на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), а ќе настапи македонскиот пијанист со светски успеси Симон Трпчески.
Пијаното од марката „фојрих“ го донираа Австриската амбасада во Скопје, амбасадорот Мартин Памер и бизнисменот Кочо Анѓушев.
Заедно со Трпчески ќе настапат реномирани уметници и професори од ФМУ.