Музичарката, уметница и активистка Јоко Оно (92), вдовицата на легендарниот музичар Џон Ленон го презеде товарот кога „Битлс“ се распаднаа во 1970 година, а во новиот документарен филм „Еден до еден: Џон и Јоко“ таа зборува за нејзината лична борба.
Аудиоснимките од раните 1970-ти годините по разделбата на „Битлс“ се прикажани во новиот документарен филм во кој Оно зборува за малтретирањето со кое се соочила. Додека нејзиното присуство на снимањата во студиио со „Битлс“ во доцните 1960-ти славно предизвикувало тензија, Оно секогаш негираше дека имала негативно влијание врз бендот.
„Наводно јас сум личноста која ги растури Битлс. Кога бев бремена, многу луѓе ми пишуваа велејќи: ‘Посакувам да умрете ти и твоето бебе’, вели Оно во филмот.
Понатаму, таа се сети што се случувало кога одела по улица со Ленон.
„Луѓето ми приоѓаа и ми кажуваа дека сум грда“, рече Оно. Во тоа време, додаде таа, имала три спонтани абортуси. „Тоа се случи од стрес зашто ме обвинуваа за разделбата на ‘Битлс“, рече Јоко Оно.
Документарниот филм го прикажува животот на Ленон и Оно во раните 1970-ти, кога се преселиле од Англија во Њујорк, живеејќи во мал стан во Гринич Вилиџ, па станале истакнати политички активисти на почетокот на соло кариерата на Ленон. Документот е колаж од снимени телефонски повици од Ленон и Оно, како и ремастерирани снимки од добротворниот концерт „Еден на еден“ од 1972, кој го означи првиот и единствен целовечерен концерт што Ленон го одржа по разделбата на ‘Битлс’ и пред неговата смрт во 1980 година.
Фото: Гети