Националниот џез оркестар најави Џез фестивал по повод Меѓународниот ден на џезот, 30 април.
Настанот ќе се одржи на две места во Скопје, паркот „Ибни Пајко“ и Македонски народен театар (МНТ).
Од 18 часот во МНТ настапува „Брајан Марсеља трио“ од Америка. Во паркот „Ибни Пајко“ од 16 часот ќе се одржи концертот „Џез за деца“. Од 19.30, концерт ќе одржи квартетот на Бојан Цветковиќ од Србија. Од 20.30, настапува „Јојо бенд“ од Бугарија, а од 21.30, квартетот на Христијан Ристески.
Влезот за сите концерти е слободен. Во случај на неповолни временски услови, сите концерти ќе бидат префрлени во салата на Македонскиот народен театар.