НАРОДНО ПОЗОРИШТЕ ОД САРАЕВО ГОСТУВА ВО МНТ СО ПРЕТСТАВАТА „СЕЛСКА ОПЕРА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Претставата „Селска опера“ на Народно позориште од Сараево ќе гостува во Македонскиот народен театар (МНТ) на 22 мај од 20 часот.
Автори на претставата се Унгарците Дарваш Бенедек и Пинтер Бела, режисер е Андраш Урбан, а драматург Ведрана Божиновиќ.
Играат актерите: Сањин Арнаутовиќ, Амра Капиџиќ, Алдин Омеровиќ, Санела Крсмановиќ- Бистривода, Сара Сексан
Ведрана Божиновиќ, Мирвад Куриќ, Санин Милавиќ и Мак Ченгиќ. Во претставата има и музички состав, а квинтетот го сочинуваат: Фауд Шетиќ кој свири чембало и е корепетитор и диригент, Амар Беширевиќ, Ајнија Гермиќ и Сара Касап на виолини и Растко Зечевиќ на контрабас.
„Селска опера’, како музичко-сценско дело, е заснована врз унгарскиот мелос, со својствено самоуништувачко страдање над светот, кое во оваа претстава се трансформира во универзален фолклорен израз“, велат од МНТ. Билетите се достапни на билетарницата во МНТ и онлајн, а претставата трае 70 минути.
Фото: ТВ Сараево