ПЕТТАТА СЕЗОНА НА „ЕМИЛИ ВО ПАРИЗ“ ЌЕ ПОЧНЕ ДА СЕ СНИМА ВО МАЈ ВО РИМ, НО ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО ПАРИЗ

САД, (Варајети)

Лили Колинс како Емили Купер ќе го живее својот „сладок живот“ во Рим со Италијанецот Марчело во петтата сезона на популарната серија „Емили во Париз“ на „Нетфликс“. Таа ќе почне да се снима во мај во Рим, пред да се пресели во Париз во текот на летото.

Се очекува петтата сезона да биде премиерно прикажана при крајот на оваа година, а заедно со Емили, ќе се појават двајцата нејзини партнери од претходните сезони, сексапилниот француски готвач Габриел (Лукас Браво) и Британецот Алфи (Лусиен Лависконт), како и новата љубов од Италија, Марчело (Еугенио Франческини).

Иако продукцијата делумно ќе биде поставена во Рим, ќе се врати и клучната француска актерска екипа: Лерој Боје, која ја игра ноншалантна шефица на Колинс, Силви Грато, Самуел Арнолд (Жулиен), Бруно Гуери (Лук), Вилијам Абади (Антоан Ламберт), како и најдобрата пријателка на Емили, Минди Чен, која ја глуми Ешли Парк.

Некои актери, сепак, нема да се вратат во серијата, како Камил Разат, која ја играше Камил, „негативецот“ во првите четири сезони. Последната сезона беше обележана со доаѓањето на новата измамничка Женевиев, која ја игра Талија Бесон (ќерка на францускиот режисер Лук Бесон), но таа сè уште не потпишала договор за враќање.

Дејството на петтата сезона започнува неколку дена по завршувањето на четвртата сезона, додека Емили се сместува во нејзиниот прекрасен стан во Рим за да ја води италијанската канцеларија на агенцијата „Грате“.