РОБЕРТ ДЕ НИРО Ѝ ДАДЕ ПОДДРШКА НА СВОЈАТА ТРАНСРОДОВА ЌЕРКА

САД, (Вараети)

Роберт де Ниро ѝ изрази љубов и поддршка на својата ќерка Ејрин де Ниро, откако таа неодамна објави дека е трансродова личност.

„Го сакав и поддржував Арон како мој син, а сега ја сакам и поддржувам Ејрин како моја ќерка. Не знам што е тука толку голема работа. Ги сакам сите мои деца“, кажа славниот актер.

„Има разлика помеѓу тоа да се биде видлив и виден. Бев видлива. Мислам дека сè уште не сум видена. Ниту еден родител не е совршен, но јас сум благодарна што и двајцата мои родители се согласија да ме држат подалеку од центарот на вниманието. Ми рекоа дека сакаат да имам што е можно повеќе нормално детство“, рече Ејрин де Ниро.

Роберт де Ниро има седум деца со четири различни жени: по две со Дијана Абот, Туки Смит и Грејс Хајтауер и едно со Тифани Чен.

(Фото: Холивуд рипортер)