Мандолинскиот оркестар „Скопје“ под диригентство на Рамадан и Ерхан Шукри од 8 до 13 мај ќе гостува во Хрватска. На 10 мај ќе настапи на Мандолинскиот фестивал во Омиш, а следниот ден ќе одржи концерт во Загреб.
„Мандолинскиот оркестар ‘Скопје’ со своите младост, ентузијазам и квалитет претставува достоен културен амбасадор на нашата држава“, вели Ерхан Шукри.