ВАСИЛ ХРИСТОВ ЈА РЕЖИРА „КАТАТОНИЈА“ ВО МНТ

Скопје, (СМАРТ. СДК.МК)

Режисерот Васил Христов почна со пробите во Македонскиот народен театар (МНТ) за претставата со работен наслов „Кататонија“, по мотиви на драмскиот текст на Алис Бирч. Драматург е Викторија Рангелова-Петровска.

Според режисерот Христов, претстои интензивен и динамичен процес, во кој преку драмскиот материјал што се обработува се отвораат повеќе горливи прашања за нашето современо општество.

„Поигрувањето со драмската форма, драмската структура и специфичниот наратив, каректеристични за авторката Бирч, ќе се применува и во адаптацијата на драмскиот материјал“, вели режисерот.

Претставата се работи во копродукција на МНТ и „Вондерленд театар“ од Скопје.

Во претставата играат: Игор Ангелов, Сања Арсовска, Верица Недеска, Дениз Абдула, Владимир Петровиќ, Јасмина Василева, Јасмина Билаловиќ и Ања Митиќ. Како костимограф се потпишува Роза Трајческа-Ристовска, сценографијата Васил Христов.

Премиерата се планира ната изведба на претставата е предвидена за почетокот на јуни.

(Фото: Д. Ингилизовски)