Mешаниот хор при КУД „Стив Наумов“ од Битола освои три златни медали на меѓународен хорски натпревар во Бијељина, Босна и Херцеговина кој се одржуваше од 9 до 12 мај.
Ова е првпат во својата 80-годишна традиција, хорот да освои три награди во две различни категории, во конкуренција со хорови од целиот Балкан. Меѓународниот натпревар се одржа по 14 пат, а учествуваа преку 40 хорови од различни категории.
„Во категориите за православна музика и мешани хорови, нашиот хор се натпреваруваше со 10 други и на крајот резултатите беа три златни медали. Прво место го добивме во категоријата за православна музика на настапот во црквата ‘Пресвета Богородица’, и уште едно прво место во категоријата за мешани хорови со настап во Соколскиот дом. Уште еден златен медал кој ми е најдраг е за најдобра изведба на современо дело. Со тоа само се потврди мојата желба за промена на репертоарот, и дека сме на добар пат кој ќе ни носи успеси и во иднина“, ни рече Лилјана Трајковска-Димевски, која е професорка по хор и диригирање дојде ова место по реномирани композитори и диригенти кои го водеа ансамблотЕН во изминативе 80 години. Прв диригент беше Тодор Скаловски, кој диригирал на првиот настап на хорот, два дена по ослободувањето на Битола, на 6 ноември 1944. Оттогаш хорот работи без прекин, а голем придонес за неговата афирмација даде долгогодишниот диригент Љубо Трифуновски, чиј наследник сега е Трајковска-Димевски.
Ж. ЗДРАВКОВСКА