ЧЕТКАР СО МИНИ ТУРНЕЈА НИЗ АМЕРИКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Гитаристот и композитор Владимир Четкар ќе одржи пет концерти во Америка во мај и во јуни како промоција на новиот албум „Let us be“.

Првиот настап е во Чикаго на 16 мај, а на 23 мај, тој ќе одржи концерт во Њујорк. На 30 мај, Четкар ќе настапи во Детроид, а на 31 мај во Колумбус. Турнејата ќе заврши на 7 јуни со концерт во Кливленд. На сите концерти ќе го придружува интернационална екипа на музичари.

Ова е четвртиот студиски албум на охридскиот гитарист. Тој е комплетен автор (композитор, аранжер, продуцент, текстописец, диригент и изведувач) на сите песни. Албумот е сниман во две студија во Америка, во Чикаго и Милвоки, со гудачки, дувачки и ритам секции.