СЛАТКАРИСТИКА СИМБОЛИЧНО ПРОМОВИРА АЛБУМ НА 25 МАЈ, НЕКОГАШНИОТ ДЕН НА МЛАДОСТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 25 мај ќе излезе новиот албум на Слаткаристика „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш“. Тој симболично го најави албумот за денот кога во поранешна Југославија се славеа Денот на младоста и роденденот на Јосип Броз- Тито.

„Кога бев мал, ме прашуваа што сакам да бидам кога ќе пораснам. Им реков дека сакам да бидам она што сум денес, среќен и исполнет. Ме прашуваа и на англиски и на македонски, а на англиски не знаев да им одговорам“, вели Слаткаристика за насловот на албумот.

Пред неколку дена, Слаткаристика го промовираше дуетот „Его“ со Христијан Настески-Пајак, а во февруари ја сними песната „Еуфорија“ заедно со Тони Зен. Тие ќе одржат заеднички концерт на 11 април во салата „Борис Трајковски“, во организација на „Прагма“. Во подкастот на САКАМДАКАЖАМ.МК „За секого по нешто“, Слаткаристика лани рече дека не сака да се фали со полна сала за концерт ако билетите не ги продал, туку ги поделил гратис.

М. ЏАРОВСКА