Џон Красински го пронајде следниот проект по хоророт „Тивко место“, изненадувачкиот хит што го режираше и во кој глуми заедно со неговата сопруга Емили Блант.
„Холивуд рипортер“ објави дека Красински и продуцентите на „Тивко место“, Мајкл Беј, Ендрју Форм и Бред Фулер, се подготвуваат за „Живот на Марс“.
„Парамаунт“, кој го дистрибуира хорор филмот, е во преговори да го спакува следниот проект, кој ќе биде научно-фантастичен трилер. „Живот на Марс“ засега нема сценарист и не е познато дали Красински ќе глуми во него.
Познато е дека филмот ќе биде адаптација на краткиот расказ на Сесил Кастелучи, „Отсекогаш живеевме на Марс”, во којшто главниот лик е жена, која е меѓу неколкуте потомци на марсовска колонија од Земјата, која е уништена од катаклизма. Таа еден ден открива дека може да го дише воздухот на Марс, надградувајќи гo својот свет и на останатите потомци.
„Тивко место“ изминатиот викенд заработи извонредни 50,2 милиони долари на кино-благајните, изненадувајќи ја не само публиката, туку и екипата која го направи филмот.