ПЕЕВМЕ ВО ЕДЕН ГЛАС СО СКОПЈАНИ, ВЕЛИ АЛЕКСАНДАР ТАРАБУНОВ ПО КОНЦЕРТОТ „ЦЕНТАРСКА СИМФОНИЈА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Поп-пејачот Александар Тарабумов пееше евергрини и филмска музика на концертот „Центарска симфонија“ кој се одржа сношти (28 јуни) во Скопје на отворено, кај Градски ѕид.
Скопјани го наполнија плочникот пред Клубот на новинари и пееја заедно со поп-пејачот кој настапи со камерен оркестар и бенд.

„Многу убава енергија. Скопјани уживаа заедно со мене, пеевме во еден глас и имаше многу пријатна атмосфера. Имавме добро одбран репертоар, добри музичари на сцената, убава дружба уште од самите проби и така се усогласивме музички, како што знаеме. На крајот се почувствував исполнет кога публиката ја пееше мојата најнова песна ‘Заедно’. Ја знаеја напамет, а песната нема ни две недели откако е излезена. Тоа е мотив за нас музичарите, да живеат пеасните што ги создаваме, за тоа работиме постојано“, ни рече Тарабунов.

Концертот беше во организација на Општина Центар.

М. ЏАРОВСКА

Фото: К. ПОПОВ