КОНЦЕРТ НА ФРАНЦУСКА И ШПАНСКА МУЗИКА ВЕЧЕРВА НА СКОПСКО ЛЕТО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (2 јули) од 20:30 часот, во Музејот на македонската борба ќе се одржи концерт насловен „Соло песни од шпански и француски композитори“, кој е во рамките на Скопско лето. Ќе настапат мецосопранот Александра Коцевска (фото) и Глигор Гелебешев на пијано. На програмата се дела од Бизе, Гранадос, Гарсија и Обрадорес.

Билетите по цена од 300 денари се во продажба преку мрежата на karti.com.mk и на влезот пред концертот.