НЕ ЗБОРУВАМ ЗА ПОЛИТИКА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, ВЕЛИ САРА ЏЕСИКА ПАРКЕР

САД, (Варајети)

Сара Џесика Паркер сака да ја држи политиката подалеку од своите социјални мрежи.

За време на неодамнешното појавување во подкастот „Најдобрите луѓе“, ѕвездата од „Сексот и градот“ објасни дека избегнува да ги споделува своите политички ставови на социјалните медиуми, бидејќи верува дека постојат посоодветни форуми за дискусија за социјални прашања.

„Честопати не зборувам на социјалните мрежи бидејќи не мислам дека тоа е место кое заслужува било каков комплициран разговор“, рече Паркер. „Навистина бев внимателна кога зборував за изборите“, рече актерката.

И покрај тоа што обожавателите ја поттикнуваат да „биде гласна“ на интернет, таа не го прави тоа.

„Нема да зборувам за работи за кои не се чувствувам компетентна“, рече Паркер. „Нема да се мешам во сложени области“.

Третата сезона на серијата „И едноставно така“ (And Just Like That), продолжението на „Сексот и градот“ почна да се емитува на 29 мај на „Макс“.

Актерската екипа изгледа малку поинаку во третата сезона. Карен Питман, која ја играше пријателката на Миранда, Нија Валас, ја напушти серијата поради претходно договорени обврски, а Сара Рамирез (Че Дијаз) замина поради лошите реакции на публиката за нејзиниот лик.

Миранда (Синтија Никсон) доби нова работа, а Шарлот (Кристин Дејвис) реши да ѝ се врати на работата, бидејќи нејзините деца сега се посамостојни и се вработи во уметничка галерија.

Ким Катрал како Саманта Џонс нема да се појави ниту во третата сезона.

 

Фото: Гети