Книгата „Од личност до маска – за новата ’нормалност‘“ на Влатко Деловски ќе биде промовирана утре (10 јули) во 19 часот, во книжарницата на „Или-или“ во центарот на Скопје.
Станува збор за прва книга на авторот во која тој објавува текстови на повеќе теми, како философија, есеистика, личности и маски, а кои се однесуваат на новата „нормалност“ во локални и глобални рамки.
Книгата ќе ја промовира проф. д-р Дејан Донев.
На промоцијата ќе настапи дуото „Второ колено“ во состав: Дејан Петровиќ (Чапс), вокал и гитара, и Пеце Трајковски (Брада) на перкусии и хармоника.