ПОПУЛАРНИОТ АЛБАНСКИ ПОП-ПЕЈАЧ ИЛ ЛИМАНИ СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ ВО АВГУСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Популарниот албански пејач Ил Лимани ќе одржи концерт на отворено во Скопје на 20 август, објави организаторот „Авалон“. Локацијата ќе биде Стадионот на АРМ во Градски парк.

Еден од најголемите современи албански поп артисти Ил Лимани доаѓа во Скопје со големо шоу на отворено, придружуван од десетмина врвни музичари и светска продукција, звук и светло“, најави „Авалон“, додавајќи дека влезниците се по цена од 1.500 и 2.500 денари.

Лимани е роден во Косово во 1994, а првпат се прослави со настапот во музичкото шоу „Гласот на Албанија“ во 2011. Првиот соло сингл го објави во 2015, а меѓу продуцентите со кои има соработувано е и Дарко Димитров.