Премиерата на биографскиот филм за Мајкл Џексон е повторно поместена. Место во октомври годинава, филмот едноставно насловен „Мајкл“ треба да излезе во кината на 24 април 2026, една година подоцна од првично планираното.
Во главната улога е внукот на Мајкл Џексон, Џафар (фото), кој, како што тврдат продуцентите, бил избран по обемна потрага по актер низ цел свет.
Филмот во режија на Антоан Фукуа, по сценарио на Џон Логан, ја раскажува приказната за „кралот на попот“, кој почина во 2009 на 50 години. Колман Доминго го игра неговиот татко Џо Џексон. Холивудските медиуми објавија дека филмот имал буџет од 155 милиони долари.