СКОПСКО ЛЕТО СЕ ЗАТВОРА СО КОНЦЕРТ НА КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР „САША НИКОЛОВСКИ-ЃУМАР“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“ денеска (30 јули) ќе има концерт во Сули ан од 20:30 часот и со тоа свечено ќе биде затворено 46. издание на Скопско лето. Диригент е Иван Еминовиќ, а на програмата се „Четири годишни времиња“ од Вивалди и „Четири годишни времиња“ од Пјацола.

Камерниот оркестар „Саша Николовски-Ѓумар“ е основан пред повеќе од 35 години, како прв сегмент на Летниот музички камп на Музичката младина на Македонија. Составен е од студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје, но често можат да се сретнат и млади музичари од други земји.

Билетите се во продажба на karti.com.mk, а ќе се продаваат и на влезот на Сули ан пред почетокот на настанот.