По неколкугодишна пауза, од 25 август до 6 септември ќе се одржи новото, 15. издание на уличниот уметнички фестивал Баскерфест, и тоа во девет градови низ Македонија на 13 локации.
Од првото шоу во скопската општина Кисела Вода до завршната вечер во Гевгелија, дел од Баскерфест ќе бидат над 20 интернационални уметници од Полска, Канада, Бразил, Србија, Албанија, Чиле и Македонија. Тие ќе настапуваат во Битола, Прилеп, Велес, Охрид, Тетово, Куманово, Кавадарци и Гевгелија и во скопските општини Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кисела Вода.
На плоштадите и улиците ќе можат да се сретнат акробати, жонглери, улични музичари, илузионисти и други уметници.
Фестивалот се одржува под мотото „Побарај ја забавата – Баскерфест 2025 ти доаѓа!“.
(Фото: Баскерфест)