КОНЦЕРТ СО ШПАНСКА МУЗИКА НА ДУОТО „ДАРМАР“ УТРЕ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Утревечер (10 август) од 20 часот во КИЦ „Салон 1919“ во Скопје ќе се одржи концерт со шпанска музика насловен „Шпанска вечер“.
Настапува дуото „ДарМар“ во кое свират Дарко Багески на гитара и Марко Хатлак на хармоника. На репертоарот е музика од шпанските композитори Родриго, Албениз, Пујол и Пјацола.

Освен шпанска, дуото ќе свири и македонска музика. Влезот е бесплатен, а настанот го организира Шпанската амбасада во Скопје.