„СПЕЦИЈАЛИСТА“, НОВА ПЕСНА НА АНТОНИА ГИГОВСКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Специјалиста“ е новата песна на поп-пејачката Антониа Гиговска од авторскиот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски, со кои таа долго соработува. За новата песна е снимен и спот во режија на Даниел Јовески.

„‘Специјалиста’ е песна која дојде многу случајно и е женска приказна. Ова е можеби најтешката песна за мене досега од причина што се снимаше набрзина, со многу статисти, многу непредвидливи работи на сетот (двапати ни заврна дожд и не можевме да снимаме), со кореографија. Верувам дека сето ова ќе резултира со успех. Горда сум што успеав да се најдам во тие две работи, пеење и играње“, вели Гиговска.

Оваа песна ќе се најде на нејзиниот нов албум „Жена“.